Политика за достава на производи
Flamingo.mk нуди идеален метод за испорака за секоја потреба. Доставата на нарачаните производи се врши преку надворешни (екстерни) курирски служби, исклучиво на адресата која купувачот ја има внесено при креирање на нарачката.
Ве молиме внимателно да ги внесете точните податоци за испорака, со цел да се избегнат можни доцнења или неуспешна достава.
Овој метод е сигурен и брз, и обезбедува лесно и удобно доставување на вашите нарачки. Испораката се реализира преку курирската служба Б - пост, при што вообичаениот рок за достава е од 1 до 3 работни денови од денот на потврда на нарачката.
Во одредени ситуации, како државни празници, викенди, временски услови, зголемен обем на нарачки (промоции, акции и распродажби), рокот на испорака може да биде продолжен. Трошокот за достава се плаќа на врата при испорачување на пратката.
Сите производи се соодветно и безбедно спакувани со цел да се минимизира ризикот од оштетување при транспорт.
Како се одвива доставата?
Едноставен процес во 4 чекори.
Нарачајте го производот и наведете го начинот на испорака
Ќе добиете порака за потврда на нарачката
Чекајте да стигне вашата нарачка
Подигнете ја вашата нарачка
Политика за враќање на пари
Во Flamingo.mk, наш приоритет е задоволството на клиентите и квалитетот на производите што ги нудиме. Доколку по купувањето не сте во целост задоволни, овозможуваме враќање на средства согласно условите наведени подолу.
1. Право на враќање на средства
Клиентите имаат право да поднесат барање за поврат на средства во рок од 10 дена од денот на прием на производот.
- Производот да не е користен или оштетен
- Да биде вратен во оригиналната амбалажа
- Да се приложи доказ за купување (сметка/нарачка)
2. Постапка за враќање
За започнување на постапката, потребно е:
- Да нè контактирате преку е-пошта на return@combo.mk во рокот предвиден за враќање
- Да го наведете бројот на нарачката
- Да приложите кратко објаснување за причината на враќање
- Да доставите доказ за извршената купопродажба
3. Одобрување и исплата
Секое барање се разгледува индивидуално. Доколку истото биде прифатено, средствата ќе бидат вратени преку истиот начин на плаќање кој бил користен при нарачката.
Враќањето на средствата може да потрае до 10 работни дена, во зависност од банката или платежната институција.
4. Производи кои не подлежат на враќање
- Дигитални производи или услуги кои веќе се активирани или користени
- Производи кои се отворени или употребувани, освен во случај на фабрички дефект
5. Замена на производ
Во случај да ви биде доставен неисправен или погрешен производ, ќе ви овозможиме замена. За оваа постапка, ве молиме да стапите во контакт со нашата корисничка поддршка.
6. Измени на политиката
Flamingo.mk го задржува правото во секое време да ја измени оваа политика. Сите промени ќе бидат навремено објавени на оваа страница, со назначен нов датум на важност.
7. Контакт
Имате прашања?
Слободно контактирајте нè на: support@combo.mk